22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојка падна од балкон обидувајќи се да го сокрие момчето од мајка си

Oсумнаесетгодишна девојка случајно падна од вториот кат на зградата на тротоар во Приедор, Република Српска.

Според неофицијални информации, таа не е животнозагрозена. Беше транспортирана во болницата „Доктор Младен Стојановиќ”, а потоа и на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

Оваа несреќа се случила во центарот на Приедор. Околностите на овој настан ги утврдуваат службениците на Полициската управа во Приедор.

Девојката Т. М. (18) од Приедор паднала од вториот кат од една зграда во центарот на градот, додека се обидувала да премине на соседниот балкон. Несреќата се случила во станот на нејзината сестра, каде што девојката била со момчето чија врска нејзината мајка не ја одобрувала.

Во еден момент, според „Аваз“, на вратата на станот некој тропнал, а девојката, претпоставувајќи дека тоа е нејзината мајка, се обидела да избега на соседниот балкон, што за малку ќе завршело трагично.

Полицијата синоќа го испрашуваше нејзиното момче С. В. од Приедор и тој сè уште е во полиција. Повеќе детали за овој несреќен случај ќе бидат познати по изјавата на девојката.

Спонзорирано: