5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

ПИЈТЕ ПИВО: Помага при слабеење, го намалува ризикот од срцеви болести и штити од Алцхајмер!

Според најновото истражување, пивото може да ве заштити од Алцхајмерова болест, помага при губење тежина и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Во прилог на тоа говорат резултатите на истражувањата на италијанските експерти од 2011. година, кои откриле дека „умерените“ љубители на пиво имаат дури 42 отсто помали шанси да заболат од срцеви болести.

Исто така, според пишувањето на магазинот “Men”s Health”, шише пиво дневно (половина литар) може да го намали ризикот од појава на камен во бубрегот за 40 отсто.

Научниците откриле дека силициумот кој се наоѓа во пивото го намалува внесот на алуминиум во дигестивниот тракт и го забавува собирањето на метал во организмот и мозокот што е добар борец против Алцхајмеровата болест.

Што се однесува до „ пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото дебелее. Дури тврдат дека помага за губење на вишокот на килограми.

– Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага во варењето на мрсната храна. Содржи многу влакна, па две чаши пиво овозможува дел од препорачаната доза, што овозможува што подолго време да се чувствувате сити, изјави доктор Стефан Домениг, секретар на The Original F.X.Mayr Health Centre во Австрија.

И покрај доказите за здравствените предности на пивото, National Health Service предупредува дека редовното пиење на пиво може да го зголеми ризикот од појава на рак на грлото, рак на дојката кај жените, мозочен удар, висок крвен притисок, болести на црниот дроб, желудник и намалување на плодноста.