21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Учениците скокаа преку прозорите за да спасат жива глава: Пожар во училиште во Подгорица

Во средно стручно училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој нема повредени, објавија регионалните медиуми.

На снимка објавено на иснтаграм страницата „Подгорички времеплов“, можете да се видите како учениците надвор скокале преку прозорците, пренесува сајтот cdm.me.

Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.

Исто така изгорел и дела од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.

„Два тима беа испратени на местото на настанот на местото каде што пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.

Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Спонзорирано: