17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија тагува: 12 годишно девојче почина од грип

Пред половина час на Детската клиника од грип починало 12-годишно девојче со церебрална парализа. Девојчето е втор смртен случај од грип оваа недела, а четврти оваа сезона. Од Министерството за здравство велат дека допрва ќе се утврдува за каков грип се работи.

„Засега немаме податоци дали се работи за свински грип. Тоа ќе го покажат дополнителните испитувања, кои се во тек. Девојчето било примено на КАРИЛ, а потоа префрлено на Детската клиника“, велат од Министерството за здравство.

Пред два дена, исто така од грип, на Клиниката за инфективни болести од грип починал 86-годишен пациент.

Институтот за јавно здравје денес извести дека расте бројот на заболени од грип. Во периодот од 18 до 24 февруари пријавени се 3.209 случаи со заболувања слични на грип, односно бројот на заболени во споредба со минатата недела, кога биле пријавени 2.943 заболени, пораснал 9 отсто.

Најголем број од заболените се на возраст од 15 – 64 години. Вкупниот број заболени од грип во сезоната 2018/2019 изнесува 12.523. Од Институтот за јавно здравје информираа дека , споредено со истиот период лани, постои намалување на вкупниот број пријавени случаи за 23 отсто.

Против сезонски грип со бесплатни вакцини досега се вакцинирале 19.992 лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пезнија или без примања. Искористени се 71 отсто од вкупниот број набавени вакцини. (Makfax)

Спонзорирано: