9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија со Бугарија

Во Бугарија се одржа редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско – бугарската државна граница.

Македонска делегација ја предводеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на македонската делегација во Мешовитата комисија, Виктор Димовски.

За време на состанокот, беа разгледани реализираните активности во врска со изработката на граничната документација од Гранична пирамида 72 до Граничната пирамида 106, како и активностите за извршеното чистење на потегот од 3 метри од македонско-бугарската државна граница и определувањето на координатите на граничните пирамиди и граничната линија од Граничната пирамида 1 до Граничната пирамида 50, а воедно беа договорени и активностите кои треба да бидат превземени од страна на Мешовитата комисија во 2019 година.

Наредниот состанок на Мешовитата комисија ќе биде одржан во Скопје.

Спонзорирано: