24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: И претходно се вршеа контроли на автобусите и станиците за технички преглед

Од самиот момент на автобуската несреќа распределени се истражители кои работат на расчистување на околностите за инцидентот и многу скоро очекувам тие да излезат со одговори за причините на несреќата, рече на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„И претходно се вршеа контроли на превозните средства, но и на станиците за технички преглед. И по несреќата, веднаш се изврши контрола и на станицата за преглед и на автобусот, и тоа не само на оваа компанија, туку на сите компании“ изјави Спасовски.

Тој нагласи дека во изработка е целосен извештај за автобуската несреќа кај Ласкарци, за што посебно ќе ја информираат јавноста. Во несреќата загинаа 15 луѓе, а тројца се уште се во критична состојба.