12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Села побара вонредни парлaментарни избори

Пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека вчерашните случувања во Собранието, кога беше прекината седницата на која требаше да гласа за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, се удар врз надежите за правна држава и побара да се распишат вонредни избори.

,,Ова вчера беше удар врз надежта за правна држава, ова мнозинство кога треба да се амнестира криминал е заедно. Сведоци бевте за закон за амнестија. Ако има тронка морал да се прогласат вонредни избори”, рече Села.

Тој обвини дека вчера ДУИ сервирале театар, завчера преку Агим Шакири, а вчера преку Талат Џафери, ,,во неможност да ја држи седницата истиот претседател на кој не му сметаше на 27 април да го изберат како што го избраа”. ,,Се виде дека е добар актер и не заслужува да го држи имиџот за претседател Албанец на Собранието”. рече Села.

Според него, ,,ДУИ е партија од стариот режим, која е врска меѓу нов и стар режим и мотивите да го заштитат Трајко Вељаноски се многубројни, тие се многу фатени во корупција и криминал”. Села изрази сомнеж дека и ДУИ се замешани во организацијата на 27 април, потсетувајќи дека Али Ахмети дента не беше присутен, дека Џафери имал сознанија, како и тогашниот заменик министер на МВР, Агим Нухиу кој беше од редовите на ДУИ.