Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот (22.23 и 24 февруари) извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол на 1079 возачи и возила. При контролата, кај 13 возачи откриено е присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.
Kонстатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет возачи управувале возило без возачка дозвола или со измината важност. Кај две возила е утврдена техничка неисправност, а 10 возила биле нерегистрирани или со измината важност сообраќајните дозволи.
Девет возачи се писмено опоменати, а на 106 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 35 прекршочни налози.
Исто така, при контролата откриени се и други 57 прекршоци.