7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Полицаец му пишал казна, а тој го нападнал

Триесетгодишник со иницијали, А.Д. физички нападнал полицаец, синоќа, на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје.

Според пријавата, лицето го нападнало полицискиот службеник откако му бил издаден налог за глоба за сторен сообраќаен прекршок.

Триесетгодишникот, кој е од селото Страхојадица, општина Зелениково, бил приведен по настанот. Oд МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.