17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради два сантиметри снег откажани летови во Лас Вегас

Властите во САД донесоа одлука за затворање на главните собраќајници кои ги поврзуваат Лас Вегас, Лос Анџелес и Феникс за да го исчистат снегот. Иако необично за југозападниот дел на САД, во Лас Вегас и Лос Анџелес падна снег, кој за првпат по десет години успеа да се задржи на тлото.

Националната метеоролошка служба на САД објави дека е забележана првата значајна количина снег, која изнесува 2 сантиметри.

Снегот предизвикика потешкотии во воздушниот сообраќај, а откажани или пренасочени беа повеќе од 100 летови.

„Ние немаме соодветна механизација“, велат властите на аеродромот.

Во Невада снежната бура донесе тенка снежна покривика па посетителите пред познатиот знак „Добредојдовте во Лас Вегас“ направија снешко.

Спонзорирано: