14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Михајловски за 27 април: Во Собранието нè пречекаа со отворени врати, фалеше уште шведска маса

Во Собранието нè пречекаа со отворени врати. Недостасуваше уште шведска маса и сè да биде на ниво, рече Вилијам Михајловски обвинет за насилниот упад во Собранието на 27 април.

Михајловски тврди дека на критичниот ден пред Собранието дошол само со еден пријател, што е спротивно на обвинението на ОЈО, во кое се вели дека тој бил еден од организаторите на толпата граѓани при упадот во парламентот.

„Кој фактор сум јас во оваа држава да соберам толпа народ, па уште и да ја предводам. Доколку можев да соберам толку луѓе сега ќе бев пратеник и ќе бев амнестиран“, вели Михајловски.

За влегувањето во прес-центарот, Михајловски вели дека го повлекла атмосферата и толпата луѓе кои ги следел, а за кои не знаел каде одат бидејќи не го познавал Собранието.

За крвавиот четврток беа обвинети 33 лица од кои 15 беа амнестирани, меѓу кои се најдоа пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои беа обвинети за отворање на собраниските врати, како и пратениците Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски. Со Законот за амнестија опфатени беа и предводниците на протестите „За заедничка Македонија”, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

(Makfax)

Спонзорирано: