8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен шеф на ФБИ: Трамп е руски сојузник

Поранешниот шеф на ФБИ, Ендру Мекејб во емисија на Си-ен-ен изјавил дека е можно претседателот Доналд Трамп да е руски сојузник.

„Мислам дека е можно. Мислам дека тоа е причина затоа што почнавме наша истрага. Многу сум загрижен околу тоа каде ќе заврши таа истрага“, рекол Мекејб.

Како што пренесува Си-ен-ен, изјавата на Мекејб е само уште една бомба во низата, откако во неделата во интервју за Си-би-ес рекол дека заменикот министер за правда, Род Росестејн, разговараше за отстранување на претседателот Трамп од функцијата во 2017 година. Мекејб рекол дека Росестејн бил толку загрижен со одлуката на Трамп да го отпушти директорот на ФБИ – Џејмс Коми во 2017 година, поради што разговарал за поттикнување на членовите од кабинетот на Трамп, да активираат 25 уставни амандмани и да го отстранат Трамп.

Мекејб ја промовира својата книга, која штотуку излезе и веднаш стана бестселер. Во книгата е опишано како е да се работи во ФБИ, откако почнал Трамп да им шефува. Си-ен-ен додава дека описите во книгата се многу детални и живописни, а се однесуваат на неговата интеракција со високи функционери во Белата куќа и Министерството за правда.