25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Евакуирани 5.000 луѓе во Москва поради закани за бомба

Поради закана за бомба упатена преку имејл, денеска беа евакуирани речиси 5.000 луѓе од 10 организации во Москва, соопшти полициски извор за ТАС С.

„Анонимните пораки со закана за бомба примени се на 10 адреси, вклучително и радиото ‘Руској’ и трговскиот центар ‘Центер-Т’“, рекол изворот додавајќи дека полицијата ги проверува некои од зградите и дека не се пронајдени експлозивни направи.

Минатата ноќ анонимните пораки за закана од бомба беа испратени до московските железнички станици во Јарославск и Киев, како и во два центра за притвор, но се покажа дека се лажни.