19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина го затвори кампот под Монт Еверест поради зголемен отпад

Кина го затвори кампот на својата страна на Монт Еверест за посетители, кои немаат дозвола за качување. Властите одлучиле да го затворат кампот поради сè поголемиот проблем со отпад на планината.

Со забраната што ја воведоа властите посетителите може да одат до манастирот што се наоѓа на 5.200 метри надморска височина.

Последните години се зголеми бројот на посетители, а со оглед дека кампот се наоѓа на Тибет, дотаму може да се дојде со автомобил. Со зголемувањето на бројот на посетители, се зголемува и ѓубрето, со кое веќе со години се бори највисокиот врв на светот.

За да се спречи трупањето отпад, на туристите без дозвола за качување им е забранет пристапот до подрачјето над манастирот „Ронгбук“. Оние што имаат дозвола може да го користат кампот, кој се наоѓа на 8,848 метри надморска височина.

Претходно, властите најавија дека секоја година бројот на дозволи за качување на планината ќе се ограничи на 300.

Спонзорирано: