20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“: Нашите возила се исправни, сочувство до семејствата

Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените. Од фирмата уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Од Дурмо Турс Гостивар соопштија:

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, соопштија од „Дурмо турс“