16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ донесе одлука – еве што објави Костадинов

Нема да има предвремени парламентарни избори, одлучи извршниот одбор на СДСМ, иако опозицијата тоа го бараше. Доцна вечерва ова беше одлучено на седницата на извршниот одбор на партијата и по која соопштија дека предвремени парламентарни избори не се потребни, бидејќи со тоа би се запреле реформите во момент кога се чека датумот за преговори со ЕУ.

„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата. Дел сме од НАТО, очекуваме датум за преговори од ЕУ. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила шансата за датум за преговори со ЕУ со предвремени избори и запирање на реформите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Одлуката претходно ја најави и премиерот Заев, пред почетокот на седницата и потенцираше дека сега не е добро време за избори“. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски се огласи преку „Фејсбук“ и ги обвини СДСМ дека бегаат од избори.

Спонзорирано: