10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичарката Мирјана Јукиќ пронајдена мртва, медиумите откриваат детали

Хрватската политичарка Мирјана Јукиќ е пронајдена мртва во својот стан во Риека, објави хрватскиот весник „Нови лист“. Причините за смртта засега се непознати, а „Дневник. хр“ објави дека на нејзиното тело немало траги на насилство.

Јукиќ е советничка во Градското собрание од партијата Жив ѕид. Како советничка таа не се експонирала многу, а „Нови лист“, повикувајќи се на упатени извори, објави дека била ангажирана за социјални прашања.

На крајот на декември го поддржала буџетот на градоначалникот на Риека, Војко Оберснел, поради што наишла на напади од колегите во партијата.

Од Жив ѕид рекле дека смртта на нивната колешка е трагичен настан. Хрватскиот портал „Индекс“ објави дека таа била забележана од сосетката, која ја видела низ прозорецот како лежи на подот во својот стан.

Спонзорирано: