19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лелек и плач пред болницата 8-ми септември – Семејства на повредените и починатите се таму

Тажна слика вечерва пред градската болница, каде дојдоа десетици семејства, роднини и пријатели на дел од повредените во несреќата.

Според информацијата која Министерот за здравство Венко Филипче ја сподели со јавноста во несреќата загинаа тринаесет лица, додека повеќе десетици се повредени.

Филипче во изјавата пред Градската општа болница „8 Септември“ рече дека седуммина од патниците починале на самото место.

Филипче додаде дека меѓу загинатите има и помлади лица на возраст од 25-30 години. Меѓу починатите патници нема деца, а преживеал и возачот на автобустот.

„Во болницата ‘8 Септември’ хоспитализирани се вкупно 25 лица, од кои 22 се хоспитализирани, а тројца ќе бидат пуштен на домашно лекување“, рече Филипче.

Во Клиничкиот центар се примени вкупно 5 пациенти, од кои тројца лесно повредени, една од нив е бремена, но е полесно повредена и би требало да биде пуштена на домашно лекување.

Во болницата дојде и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спонзорирано: