10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Никола Димитров вечерва со моќна порака на социјалните мрежи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на неговиот профил на „Твитер“ напиша дека ги размениле вербалните ноти со Грција. Тој изрази надеж дека денешниот ден ќе биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.

„Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка“, напиша Димитров на „Твитер“.

Владата претходно соопшти дека од денеска стапува на сила преспанскиот договор.