21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

УЈП објави листа на луѓе и фирми со имиња и презимиња кои должат данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2019 за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).

Листата е објавена на овој линк на UJP.GOV.mk (1 MB)

Спонзорирано: