14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Во тетовската болница се примени лекари кои воопшто не учествувале на огласот

Во Клиничката болница во Тетово после завршувањето на тестирањето објавени се резултатите и утредента истите едноставно исчезнуваат и место нив се објавуваат нови резултати, каде се елиминирани првичните кандидати кои ги исполнувале условите за прием и место нив се ставени кандидати кои не го поминале бодовниот лимит или воопшто не учествувале на огласот, тврдат од Алијансата за Албанците.

„Како пример за неправедност е случајот на колешката Вјоса Илјази од Тетово, која беше второрангирана со 74.80 бодови но елиминирана од страна на комисијата на Клиничката болница во Тетово без да биде дадено конкретно образложение што е преседан и неприфатливо за ‘граѓанско’ и ‘демокрастко’ друштво“, велат од Комисијата за здравство на АА.

Од таму велат дека во Универзитетската Клиника за нефрологија во Скопје примени се тројца лекари и три медицински сестри, од кои ниту еден Албанец и покрај фактот, како што велат од АА, имало кандидат кој ги исполнувал условите, а Клиниката нема вработен ниеден лекар Албанец.

„Комисијата за здравство при Алијансата за Албанците на колегите кои ги исполниле условите за прием им честитаме и им посакуваме успешна работа и понатамошни успеси, додека на раководствата на сите болници опфатени со овој скандал им апелираме и им бараме да спроведат ревизија на овие нерегуларности и да ги отвараат вратите за најдобрите почитувајќи ја нивната професионална подготвеност а не блискоста со политичките партии дел од власта, бидејќи ова е спротивно на заложбите за деполитизирано здравство, посебно во кадровската политика, со што во голема мера ќе ја намалиме миграцијата во блиската иднина а зошто да не и да ги вратиме нашите лекари во нашите болници, каде им е местото“, се вели во соопштението.

(Makfax)