20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Зимата го подготвува последниот удар: Метеоролозите објавија кога да очекуваме снег

Синоптичарите најавуваат голема промена, по прилично топлиот и стабилен викенд.

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. П

о одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд.

Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 10.02.201
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Сончево со мала облачност.

Прогноза за 11.02.2019
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Променливо облачно со засилен јужен ветер. Попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер

Прогноза за 12.02.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините, а во пониските места од дожд и снег.