20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сенатор од САД пред Османи претстави резолоција која ќе посочи Македонија да почне преговори со ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на неколкудневната работна посета на Вашингтон оствари посета и на американскиот Сенат, каде што имаше средба и со сенаторот Рон Џонсон, кој воедно е претседавач и со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД.

Како што информираат од Кабинетот на Османи, честитајќи на успехот на земјата, сенаторот Џонсон го известил вицепремиерот за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џејн Шахин, до американскиот Сенат, со резолуција која сенатот се очекува да ја усвои на почеток на следната недела, да се поддржат активности на Македонија и Грција во однос на имплементацијата на договорот од Преспа.

„Во текстот на резолуцијата, која во драфт-верзија му беше предадена на Османи, меѓу останатото, се препорачува на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите. Како што посочи сенаторот, текстот на оваа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на Сенатот на почетокот од следната недела и истата да биде усвоена“, пренесуваат од Кабинетот.

„Вистинска привилегија е партнерството на Македонија со САД, кое еве продолжува со несмалено темпо, за што САД може да сметаат на нашата заемја како на цврст сојузник во промоција на западните демократски вредности на Балканот“, рече Османи.

Претходно тој учествуваше и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп, а во неговата денешна агенда беше и посета на американскиот Конгрес.