22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со болнички пренесени две лица: Детали за тешката сообраќајка среде Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајка што синоќа се случила на крстосницата од улиците Методија Андонов Ченто, Јужноморавски бригади и Маџари во Скопје.

Во судирот, повредените се возачите на двете возила што учествувале во инцидентот. Едниот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а другиот во општата болница „Свети Наум Охридски“.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил возачот Р.Ф, кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот.

Спонзорирано: