17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка во Охрид

Tрактор без регистарски ознаки, управуван од 20-годишник од охридското село Долно Лакочереј, во попладневните часови на 5 февруари на охридскста улица Радојца Новичиќ удрил во 69-годишна охриѓанка која управувала велосипед.

Како што информираат од МВР, по инцидентот трактористот побегнал од местото на настaнот.

Од ударот велосипедистката се здобила со тешки повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“. По преземени полициски мерки, возачот на тракторот бил пронајден и приведен.