14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јужноафрикански укажувач уапсен поради корупција

Антикорупциски укажувач е еден од шесте луѓе уапсени во Јужна Африка поради наводно нелегално распределување на тендери од страна на затворскиот сектор, а кои биле дадени на приватната фирма „Босаса“, известуваат локалните медиуми.

Поранешниот директор на Босаса, Ангело Агрици, ја откри наводната корупција преку сведочење пред судската комисија, но сега и тој е уапсен заедно со луѓето кои ги навел дека биле вмешани во наводниот скандал.

Поранешната директорка на затворите, Линда Мти, е исто така една од уапсените.

Јужноафриканската елитна антикорупциска единица ги упаси шесте лица за корупција, измама и перење пари, поради распределбата на тендери вредни 118.7 милиони долари на Босаса и други компании поврзани со истата.

Адвокатите на обвинетите сè уште немаат дадено изјави.

Спонзорирано: