12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во скопско – девојка насилно внесена во возило, таткото пријавил во полиција

Семејна драма во скопско била пријавена во полиоцијата. Имено, вчера во 11:40 часот во СВР Скопје, маж од село Горно Количани, скопско, пријавил дека неговата 18-годишна ќерка од страна на 18-годишно момче од истото село, со кое долго време се познавале, била насилно внесена во возило.

Но, во 13:30 часот двајцата 18-годишници дошле во Полициската станица Драчево. Девојката изјавила дека не била физички малтретирана, а момчето изјавило дека биле на гости кај негови роднини. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: