5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови детали за грозоморното убиство во БиХ: Ги убил децата, а тој живеел уште 30 часа и ја барал сопругата

Триесет и седум годишниот Адмир Совиќ кон половината на декември минатата година ги уби своите три деца, а потоа се обеси во куќата, во која живееле како потстанари. Мајката на неговата сопруга открила дека тој живеел најмалку 30 часа после убиството.

Монструозното злосторство се случило на 13. декември минатата година, а го запрепасти регионот и БиХ.

Хатиџа Бегиќ, мајка на неговата сопруга Лејла, раскажала дека има сознанија дека Адмир после убиството на трите деца живеел 30 часа, а потоа се убил.

-Виден е во градот во средата. Некој тоа ѝ го кажал на Лејла. Го прашувале наводно каде оди, а тој рекол дека ја бара Лејла да ја убие – вели мајката и додадава дека нејзината ќерка е во тешка психичка состојба.

-Повеќе време минува на доктор отколку дома. Не јаде, ослабе…Само седи во некој свој свет. Не разговара со никој – вели мајката, пренесува „Србија денес“.

-Никогаш не кажа дека тоа ќе го направи. Ги сакаше децата и се грижеше за нив. Тие се договорија децата да бидат со неа и со него по осум дена – рекла Хатиџа.