20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четиригодишник ја застрелал бремената мајка во лице

Четиригодишно момче од американската сојузна држава Вашингтон под душекот во домот пронашло наполнет пиштол по што на бремената мајка ѝ пукало в лице, објави агенцијата АП.

Дваесет и седумгодишната девојка била со своето момче и заедно гледале телевизија во саботата кога нивниот син го пронашол пиштолот, соопшти полицијата.

„Момчето случајно ја застрелало мајка си во лице“, соопштиле извори од истрагата.

Жената, која е во осмиот месец од бременоста, била хоспитализирана со повреди опасни за животот. За време на викендот таа била префрлена во друга болница, а нејзината состојба се подобрува.

Таткото во полиција изјавил дека огненото оружје го поседувал заради заштита.