20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мадуро го отфрли ултиматумот на ЕУ за предвремени претседателски избори во Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во неделата го отфрли ултиматумот на Европската Унија за организирање предвремени претседателски избори откако лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се прогласи за привремен шеф на државата, пренесува шпанскиот радиодифузер „Ла секста“.

„Не прифаќаме ултиматуми од никого. Тоа е како да ѝ речам на ЕУ: ‘Им давам седум дена да ја признаат Република Каталонија или нема да преземеме акција’”, вели Мадуро.

На 26 јануари, европските земји му дадоа ултиматум на уставно избраниот претседател на Венецуела, Мадуро, велејќи дека има осум дена да организира предвремени претседателски избори или да го признае лидерот на опозицијата, Гуаидо, за привремен претседател на земјата.

Мадуро го нарече Гуаидо ‘американска марионета’ и го обвини Вашингтон, кој изјави дека е спремен на сите опции – вклучувајќи ја и употребата на својата војска – како реакција на кризата, за организирање државен удар во Венецуела.

Од друга страна, Мадуро изјави за „Спутник“ дека ќе прифати предвремени парламентарни избори во Националното собрание, кое е под контрола на опозицијата во земјата, бидејќи тие се многу добра форма на политичка дискусија”.