23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовно апсење во Албанија

Албанската полиција соопшти дека уапсила 32 лица под сомнение дека издале лажни документи.

Како што посочија биле издавани лажни документи со цел да им помогнат на луѓето кои нелегално патувале во земјите од западна Европа, како и во Велика Британија, САД и Канада.

Во соопштението се вели дека меѓу уапсените е и еден граничен полицаец, додека по четворица осомничени сé уште се трага. Според информациите осмоничените лица издавале лажни визи.

Покрај апсењата, полицијата пронашла и четири работилници со опрема за правење лажни документи за криумчарење на луѓе низ цела Албанија, Црна Гора, Италија, Грција, Франција и Норвешка.

Во соопштението се вели дека мигрантите плаќеле по 13.000 долари за да одат во Британија и по 23.000 долари за во САД или Канада.

Операцијата, која биле под кодно име „Погрешна патека”, е поврзана со операцијата што беше спроведена минатата година, во која полицијата уапси девет Албанци.

Албанските граѓани можат да патуваат во повеќето земји на ЕУ без визи, но визи им се потребни за да одат во Британија, САД или во Канада, истакнуваат медиумите.

Спонзорирано: