15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: САД и Русија преку дијалог да ги решат несогласувањата

САД треба да ги решат своите несогласувања со Русија преку дијалог, наместо со закани да се повлечат од значителниот договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу двете земји, објави кинеското Министерство за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон ќе се повлече од Договорот за контрола на нуклеарно оружје (ИНФ), потпишан помеѓу двете земји во 1987 година, во рок од шест месеци, освен ако Русија целосно не се согласи на одредени барања.

Вашингтон тврди дека Москва го крши договорот , додека Русија ги отфрла ваквите обвинувања.