24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Надлежните предупредуваат на поплави во Словенија и Хрватска

Oбилните врнежи од дожд и топењето на снегот во повеќето делови на Словенија предизвикаа ненадеен пораст на нивото на водата на реките и зголемување на можноста за нивно излевање од коритата.

Обилни дождови и можни поплави и се закануваат и на Хрватска, а во одредени области од зeмјата е веќе издадено и предупредување.

Поплави во Словенија, може да се очекуваат главно во западните и јужните региони, а како соопштија од метеоролошката служба во текот на денот локално може да наврнат и до 100 милиметри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите од Хрватска ги предупредуваат граѓаните да постапуваат според препораките издадени од надлежните органи.