7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мицотакис бара предвремени избори во Грција во мај

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, смета дека парламентарните избори во Грција треба да се одржат заедно со европските во мај оваа година, пренесе новинската агенција АНА-МПА.

Тој за време на состанокот со функционерите од Нова демократија изрази уверување дека сепак ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори. Редовните парламентарни избори во Грција би требало да се одржат наесен.

„Пред нас има многу работа. Имаме малку повеќе од 100 дена до изборите во Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 26 мај“, рече Мицотакис и изрази уверување дека тогаш ќе се одржат и изборите во Грција.

Актуелната влада на чело со Алексис Ципрас пред две недели, со тесно мнозинство, ја доби довербата во грчкиот парламент.

Владата на Ципрас остана без помалиот коалициски партнер Независни Грци поради ратификацијата на преспанскиот договор што Грција го потпиша со Македонија. Сепак, и покрај турбуленциите, Ципрас ја доби довербата и успеа да го ратификува договорот.