18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Не сум цел на истрагата на Милер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е предмет на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер за Русија.

Како што објасни Трамп, уверување за тоа дека тој не е дел од истрагата добил од своите адвокати, кои претходно разговарале и им потврдил заменик-јавниот обвинител, Род Розенстајн.

„Тој на адвокатите им соопштил дека јас не сум предмет, не сум цел“, изјави Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“ зборувајќи за коментарите на Розенстајн во врска со истрагата што ја води обивнителот Милер, а која се однесува на можната вмешаност на Русија во изборите за претседател на САД, кои се оддржаа во 2016 година.

Трамп изјави дека никогаш не разговарал со својот долгогодишен политички соработник, Роџер Стоун, за „Викиликс“ и украдените имејлови на Демократската партија и дека никогаш на никого не му наредил да го направи тоа.

Во интервјуто претседателот на САД се осврна и на моментните преговори за спорната изградба на ѕидот на границата со Мексико.

„Ќе продолжам да го градам ѕидот и тој ѕид ќе биде завршен“, изјави Трамп отфрлајќи ги преговорите чија цел е излез од сегашната ситуација во Конгресот и најавите дека би можел да прогласи национална вонредна состојба, со цел да се осигури изградбата на ѕидот.

Спонзорирано: