20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Глоба за студентките во Германија што крадеа храна од контејнери

Општинскиот суд во Фирстенфелдбрук покрај Минхен осуди две студентки на глоба поради тоа што зеле храна од контејнер за отпад на еден супермаркет.

Двете студентки беа осудени на одделни глоби од 225 евра условно на две години и на осум часа работа за добротворни цели, според дневникот Muenchener Merkur.

Јавниот обвинител побарал глоба од 450 евра сметајќи дека се работи за особено тежок случај на одземање туѓ имот со оглед на тоа дека контејнерите за отпад се наоѓале зад заклучена ограда, која осуденичките ја отвориле со универзален клуч.

Двете студентки се членки на едно движење кое бара поодговорен однос кон продуктите, кои, иако се погодни за човечка исхрана, се фрлаат поради истекот на рокот во кој е најдобро да се јадат.

Нивниот адвокат рече дека фрлената храна веќе не може да се смета како сопственост бидејќи сопственикот, фрлајќи ја во ѓубре, се откажува од неа, но судот не го признава тоа.

Судењето беше проследено со протести на кои се бараше во Германија, како неодамна и во Чешка, да се воведе закон со кој трговците се обврзуваат да не фрлаат продукти кои сè уште се јадат, туку да ги донираат во народните кујни.

Во разговор со „Шпигел онлајн“, двете студентки објаснија дека сакале да им помогнат на другите против кои во Германија се водат процеси поради таканаречениот containeringa, како што медиумите го нарекуваат овој тип кражба.

Протестот на противниците на фрлање храна во Фирстенфелдбрук беше поддржан од Партијата на зелените.