18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати по пукањето на браната во Бразил се зголеми на 110 лица

Бројот на загинати луѓе по пукањето на рударската брана во југоисточниот дел на Бразил се зголеми на 110 лица, изјави портпаролот на државната агенција за цивилна одбрана во Минас Жераис, Флавио Годињо.

Годињо додаде и дека 238 лица и натаму се водат за исчезнати, објави АП. Во тек е спасувачка акција и потрага по исчезнатите.

Во несреќата што се случи пред неколку дена во југоисточниот дел на Бразил цел еден мал град беше прелиен со речна кал и рударски отпад.

По несреќата, властите издадоа налози за апсење пет лица за одговорност за несреќата предизвикана од пукањето на браната. Налозите за апсење беа издадени во Сао Пауло и Минас Жераис.