21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија бара итно ослободување на уапсените новинари во Венецуела

Шпанската Влада го осуди апсењето на тројцата новинари и возачот на државната новинска агенција ЕФЕ во Каракас, Венецуела. Шпанскиот премиер, Педро Санчез, објави соопштение во кое повика тие да бидат итно ослободени.

ЕФЕ претходно објави дека колумбискиот фотограф Леонардо Муњоз исчезнал вчера наутро во Каракас, а дека припадниците на разузнавачката служба на Венецуела (СЕБИН) подоцна уапсила двајца новинари, Шпанецот Гонзало Домингез и Колумбијката Маурен Барига.

Шпанската Влада наведува и дека еден државјанин на Венецуела кој работи за шпанската новинска агенција, исто така, бил приведен. Тој сè уште не е идентификуван.

Санчез претходно соопшти дека Шпанија го признава венецуелскиот опозициски лидер како привремен претседател, доколку актуелниот претседател Николас Мадуро не распише до недела предвремени претседателски избори.

Вчера во Венецуела беа уапсени и двајца француски новинари, кои известувале за политичките случувања во земјата. „Ројтерс“, повикувајќи се наименуван дипломатски извор, пренесе дека француската амбасада работи на нивно ослободување.

Спонзорирано: