10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се апси низ Шутка по тешкиот инцидент во кој беа нападнати полицајци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри дека се уапсени седуммина осомничени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари.

Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил.  Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.