21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Почна изградбата на полигон за тренинг на електромонтери и електротехничари

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ почна да се гради полигон за тренинг на електромонтери и електротехничари. Преку овој проект учениците ќе може да конкурираат за паралелката во која ќе добијат стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во „ЕВН Македонија“ кога ќе го завршат школувањето.

„Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот, ќе се овозможи делот од практичната настава, која досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на труд во Скопје и во Македонија“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој ѝ се заблагодари на „ЕВН Македонија“, која го почна овој проект и го надградува секоја година.

На почетокот на градежните работи на полигонот присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Спонзорирано: