18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука

Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради хаосот што го создаде со епидемијата со морбили и вакцинирањето. Првин создаде паника манипулирајќи ги граѓаните дека ќе има подобри вакцини ако на референдумот гласаат за промена на името, а потоа и со лажното вакцинирање на својата внука, но и скандалот со вакцините во изминатиот рок, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта е виновна за хаосот во здравството. Додека беа опозиција, правеа кампања против вакцинирањето, со која внесоа хаос и страв кај населението, за сега да не може да ги санираат последиците од штетите што сами ги направија.

Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините со изминат рок што беа пуштени во употреба и недовербата што сами ја креираа, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука со цел политичка измама на граѓаните, за по неколку недели и сам да ја признае измамата.

СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и му нанесоа голема штета на здравствениот систем.

Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство, тоа е обврска на власта и компромис за тоа нема и не може да има“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.