25.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Возач на камион освои џекпот и откри што првин ќе направи

Возачот на камион Дејвид Џонсон освои 298 милиони долари на пауербол-лото и тоа е втор најголем џекпот што некогаш е освоен во Америка.

Тој рече дека веднаш ќе даде отказ и беше толку возбуден што не можеше да го заврши оброкот.

„Не се враќам на работа, веднаш давам отказ“, изјави Дејвид за Си-ен-ен.

Тој купи лото-ливче на 26 декември минатата година.

Од лотаријата во Њујорк рекоа дека кога ќе го одбијат данокот што американските власти им го наметнуваат на добитниците на игри на среќа, на Џонсон ќе му бидат исплатени околу 114 милиони долари.

„Не можам да јадам. Среќен сум“, рече Џонсон.