12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Данска гради ограда за да се заштити од африканската свинска чума

Данска почна да подигнува ограда долга 43 километри по должината на германската граница за да го спречи влезот на дивите свињи и да запре ширењето на африканската свинска чума, што може да ја загрози индустријата во земјата.

Работата на високата ограда почна во Падборг, 136 милји југозападно од Копенхаген.

Таа беше одобрена од данските законодавци во јуни кога владата предупреди дека африканската свинска треска може да го погоди извозот на свинско место за земјите што не се членки на Европската Унија – во вредност од 1,6 милијарда долари годишно. Во 2016 година вкупниот извоз на свинско месо од Данска достигна вредност од 4,55 милијарди долари.

За разлика од свинскиот грип, африканската свинска чума не влијае на луѓето, но може да биде смртоносна за домашните и дивите свињи и предизвикува големи загуби за земјоделците.

Критичарите велат дека оградата вредна 4,6 милиони долари ќе му наштети на дивиот свет и е симболичен гест за решавање на речиси непостојни проблем. Данските официјални лица признаа дека дивите животни теоретски би можеле да поминат низ празнините во оградата каде што преминуваат автопати, патишта и потоци. Во Германија не се пријавени случаи на африканска свинска чума.