24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Заменик министер загина во лавина на Шар Планина, јавуваат приштинските медиуми

Косовскиот заменик министер за дијаспора, Аријан Даци, загинал во лавина на Шар Планина, објавија приштинските медиуми, а пренесува српски „Блиц“.

Според информациите, несреќата се случила во близина на скијачкиот центар „Брезовица“, на Шар Планина, најпосетуваната зимска туристички дестинација во Косово.

Како што пренесува сајтот „Газета експрес“, Басри Шабани, претставник на полицијата во Урошевац, потврдил дека во лавината кој „Брезовица“ имало човечки жртви.

Смртта на Аријан Даци, кој е син на поранешниот претседател на косовскиот парламент, Неџат Даци, за „Газета експрес“ ја потврдиле и претставници од косовската влада.