18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Проѕирни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите ќе продолжат да растат

Продолжуваат лагите и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години манипулираше со пензионерите, партијата која заради криминални интереси остави огромна дупка во Буџетот на ПИОМ.Не е точно дека пензиите ќе се кратат. Вистината е дека тие растат и ќе продолжат да растат согласно растот на трошоците за живот, а законското усогласување на пензиите и во иднина ќе се прави двапати во годината, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, податоците од Државниот завод за статистика ги демантираат проѕирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Просечната пензија во 2016 изнесувала 13 754 денари, а во 2018 изнесува 14 421 денар.

,,ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со растот на платите и пензиите и затоа лицемерно лаже и вади бројки од ракав.Пензионерите да бидат сигурни,пензиите и натаму и ќе растат, а ВМРО-ДПМНЕ да учи што значи вистинска грижа за пенионерите.Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: