17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка наврна еден метар снег

Снежната покривка на Попова Шапка по најновите врнежи достигна височина од еден метар. Во Маврови Анови има 83 сантиметри снег, 58 во Пожаране, 52 во Крушево 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 во Скопје-Петровец, 28 во Ѓуриште, 24 во ДемирКапија.

Во Дебар има 22 сантиметри снег, 21 во Тополчани, 20 во Битола, 15 во Скопје-З.Рид, 11 во Охрид и 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово.

Најмногу дожд наврна во Демир Капија и Гевгелија, а најстудено беше во Маврово и на Попова Шапка каде се измерени -8 степени.