17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / илустрација
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Силни врнежи од снег во Македонија: Еве каде е најкритично

Силни врнежи од снег вечерва се забележани на планинскиот превој Ѓавато (Магистрален пат Ресен – Битола), каде има излизгани и заглавени 5 – 10 камиони кои го отежнуваат сообраќајот за автомобилите. Репортерот на Centar.mk известува дека на помош пристигнала и полиција, но не е воведена забрана за автомобили.

Инаку во врска со останатите делови на Македонија:

ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е пуштен за сообраќај, по една коловозна лента само за ПМВ.

ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТ НА ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 11:00 часот престанува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато од Ресен према Битола.
Од 11:40 часот престанува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Од 15:30 часот на патот Македонски Брод – Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.
Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир, се укинува забраната за движење на тешки моторни возила.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.