Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
MeteoCentar Македонија

Обилни врнежи од снег вечерва: Еве каде е најкритично

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ:Поради појава на магла видливоста е намалена од 20-50м на Стража, од 50-100м на Маврово, од 100-150м на Плетвар, од 50-60м Делчево и кај Смојмирово видливоста е од 50 до 100м.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет врне на Стража, Маврово, Струга- Ќафасан, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.