13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Работниците во јавните служби кои работат без плата се патриоти

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги нарече големи патриоти стотината илјади работници во федералните јавни служби кои работат без плата за време на делумното затворање на владата, но и натаму нема напредок во прекинувањето на рекордното затворање на една четвртина од владините операции.

Трамп во понеделникот на „Твитер“ напиша дека им се заблагодарува на сите кои тешко работат за својата земја и не добиваат плата и повторно повика на изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Во меѓувреме, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд Трамп, да излезе од алијансата, ако тој се одлучи на таков чекор.

Конгресот не може формално да му забрани на Трамп да излезе од блокот, но може да го блокира финансирањето на таа цел. Оваа тактика своевремено ја користеше Конгресот за да го спречи Барак Обама да го затвори затворот Гвантанамо.

Спонзорирано: