17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Постапката за набавка на заштитни маски за лицата со здравствен ризик е во подготвителна процедура

Министерството за здравство преку соопштение до јавноста информира дека во подготвителна процедура е постапката за набавка на заштитни маски, кои бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик, а штом биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите, соопштија од Министерството.

Оттаму посочуваа дека станува збор за набавка која опфаќа 40 илјади специјални маски, кои штитат од ПМ 2 и ПМ 10-честичките.

Имајќи предвид дека законските процедури за набавка на маските се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење, велат од Министерството за здравство.